Кумановец ќе одговара за одгледување канабис

Сподели со своите пријатели

СВР Скопје поднесе кривичнна пријава против Д.З. (35) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

Како што информираат од Министреството за внатрешни работи, во периодот од март 2018 до мај 2018 година, при претрес во домот на пријавениот, во кој времено престојува, на ул. „Лазар Поп Трајков“ во Скопје, полициски службеници пронашле и одзеле 147 саксии со стебла од растението Cannabis, кои неовластено ги набавил со намера да произведува опојна дрога марихуана.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колкава е излезноста во Липково до 17 часот?

Leave a Reply