Шеесет и двегодишен кумановец бил приведен вчеравечер по пријава дека физички ги нападнал сопругата и нивниот малолетен син.
Loading...
– На 05.03.2025 во 23.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.С.(62) од Куманово затоа што физички ги нападнал неговата сопруга и малолетниот син, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски