Граѓаните на Куманово вчеравечер уживаа во најголемите македонски хитови на околу дваесетина естрадни уметници од Македонија.
Во неколкучасовниот концерт по повод Денот на ослободување на Куманово, на температура нешто над нулата, градскиот плоштад беше исполнет со звукот на македонските стари, но и нови хитови.
Настапија: Владо Јаневски, ДНК, Тамара Тодевска, Ламбе Алабаковски, Антониа Гиговска, 2 Бона, Слаткаристика, ИвонаЈо, Наум Петрески, Маргица Антевска, Пајак, Марио Арангеловски, Куку Леле, Мартија Станојковиќ, Лука Чомбе, Миле Кузмановски, Нино Величковски, Лара Иванова, Мартинијан Кириловски, Шпенд Латифи, ДЏ Боно и Фис бенд.
Како тоа изгледаше во продолжение низ објективот на Кумановски Муабети:
Никола Ивановски