Кумановци физички нападнале полицајци

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово биле приведени викендов откако физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Loading...

– На 24.03.2024 во 01.20 часот на улица „Ѓорче Петров” во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода З.С.(43) и И.Д.(22), двајцата од Куманово, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полициајта, З.С. и И.Д. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени кумановци кои краделе од сепарација во Доброшане