Кумановчани вознемирени од редовните ”свадбени” пукотници

Сподели со своите пријатели

Пукањето за време на семејните веселби во Куманово, години наназад е редовна пракса, посебно изразена во летниот период, кога свадбите се закажани во поголем број споредбено со остатокот од годината.

Loading...

Речиси нема вечер, кога во Куманово не се слушаат пукотници, посебно изразени од населбата Тоде Мендол, каде на 9 мај се случи вооружена пресметка со безбедносните сили.

Вознемирени и видно исплашени, граѓаните на адреса на Кумановски Муабети испраќаат писма во кои се жалат дека слушаат пукотници кои предизвикуваат паника, но без информации дека истите прекршувања на Јавниот ред и мир се пријавени од нивна страна.

Пукање и користење огнено оружје сноси законски последици и поднесување кривична пријава за сторени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „предизвикување општа опасност“.

Земајќи ги во предвид дневните билтени на СВР Куманово, од почетокот на јули, МВР нема објавено случај на поднесени пријави против несовесни граѓани поради користење оружје на семејни веселби.