КуманиУм уличен фестивал за промоција на уметници од градот

Сподели со своите пријатели

Уметници, актери, спортисти, пејачи, танцувачи, карикатуристи, креативци од Куманово ќе учествуваат на првиот уличен фестивал „КуманиУм“ кој ќе се одржи во саботата на 26 октовмри годинава, на плоштадот кај Центарот за култура со почеток во 12:00 часот. Настанот го организира граѓанскиот центар „АктивУм“.

Loading...

Најмладите кумановци, но и оние повозрасните кои се препознатливи во градот по творењето, уметноста, ќе ги прикажат своите креации, а ќе им се приклучат и изведувачи и од други градови. Граѓаните ќе можат да ги видат настапите на младите актери од „Перципио“, на пензионерите, актери-аматери од КУД „Ѓоко Симоновски“, креациите на модните уметници, графитите и карикатурите на мајсторите на овој занает, на жените од „Коло на српските сестри“, настапите на „Атлета“, на уметниците од градот, да слушнат песни од тетовската музичка група „Шербет“, да уживаат во акробации, огнено жонглерско шоу и да се забавуваат со вечерниот настап на Dirty Side бендот.

Учесниците на бесплатните фото работилници наменети за „Уличниот фестивал“ ќе ги прикажат фотографиите кои го отсликуваат моментите на кумановци,  градот, и активностите кои се спроведуваа изминатиот период. Најдобрите ќе бидат наградени со парични награди, предвидено е да се одржи и изложба на фотографии и ќе останат како трајно наследство за Куманово.

-Вклученоста на локалната заедница, на граѓаните, на уметниците, на бизнис заедницата ќе овозможи да се разбере и промовира традицијата, материјалното, нематеријалното наследство и историјата на мултикултурно и мултиетничко живеење на градот-велат од „АктивУм“.

Годинава, Куманово слави пет века постоење и е прогласен за Град на културата, така што овие активности придонесуваат за достојно одбележување на јубилејот.

Уличниот фестивал, е дел од проектот #Култура за Куманово #Куманово за култура е насловен проектот кој го спроведува Здружението за активизам, едукација, култура и уметност, ГРАЃАНСКИ ЦЕНТАР АКТИВУМ Куманово. Проектот кој почна да се спроведува во септември ќе трае до февруари наредната година и се реализира во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD), која е финансирана од ЕУ, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), со поддршка на Општина Куманово која кофинансира дел од средствата за проектот.

Leave a Reply