КУД ”Српски вез” настапи на народен сесрпски собир во Нови Сад

Сподели со своите пријатели

Културно Уметничкото Друштво “Српски вез” од Куманово, за викендот настапи на 9-от Краишки црковно – народен сесрпски собир  ”Крушедолски ѕвона” кој се одржа во манастирскиот комплекс на Манастирот Крушедол на Фрушка гора.

Loading...

Манастирскиот комплекс се наоѓа на 24 километри од Нови Сад, Војводина.

КУД ”Српски вез” се претстави со своите новоизработени носии од кумановското подрачје, со игри од кумановски и пчињски регион, а солистот на друштвото Дејан Петковски настапи со неколку соло песни.

 

На манифестацијата настапија неколку културно уметничка друштва од Србија, Босна, Хрватска, Република Српска.

Loading...

 

 

Играорците на КУД ”Српски вез” беа примени од Владиката Бачки и Новосадски Иринеј, како и од председателот на Република Српска, Милорад Додик.

Во рамки на учеството на сесрпскиот собор, КУД ”Српски вез” исто така го посети главниот град на Војводина Нови Сад и главниот град на Р.Србија, Белград.

Leave a Reply