Шеесетгодишен кумановец, сопственик на угостителси објект заработи кривична пријава поради непочитување на мерките.
-На 19.03.2020 година до ОЈО Куманово поднесена е кривична против Д.Т. (60) од Куманово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, по член 206 ст.1. од Кривичниот законик на РСМ, информираат од МВР.
Како што појаснуваат од полицијата, на 18.03.2020 пријавениот, како сопственик на угостителски објект „Олимписко дерби“, лоциран во Куманово на улицата „Моша Пијаде“ бр.196, постапувал спротивно на издадена мерка од Влада на РСМ, при што објектот бил отворен и во него биле затекнати две лица кои консумирале пијалаци во објектот.
Никола Ивановски