Кремљ: Целиот свет ja очекува средбаta меѓу Путин, Трамп и Си, тоа ќе биде интересен разговор

Сподели со своите пријатели

Планираната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг на самитот на АПЕК несомнено ќе биде интересна и неизбежно ќе привлече глобално внимание, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Средбата ќе биде интересна во секој случај, навистина. И секако, ќе го привлече вниманието на сите во светот“, коментираше Песков за изјавата на Трамп дека Вашингтон очекува интересен состанок во Шенжен, пренесува Спутник.

Темите на евентуалната средба на тројцата лидери на маргините на самитот на АПЕК би можеле да варираат, рече Песков.

За време на разговорот со новинарите, Песков спомена дека земјите разменуваат мислења за агендата на евентуалната средба на лидерите на АПЕК.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гутереш: Влеговме во нова ера на климатски екстреми

Претходно, Песков објави дека Русија, Кина и САД работат на организирање средба на лидерите на самитот на АПЕК, кој ќе се одржи во Шенжен, Кина, на 18 и 19 ноември.