Кражба од двор на основно училиште во Куманово

Сподели со своите пријатели

Педесет и тригодишник од кумановско е приведен под сомнение дека украл разни предмети од двор на основно училиште.

Loading...

– На 02.07.2024 во СВР Куманово било пријавено дека од дворно место на основно училиште во Куманово биле одземени повеќе предмети. По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Куманово го пронашле сторителот М.Г.(53) од с. Романовце, кумановско, кој во службен разговор во полициска станица го признал делото, инфомираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од СВР Куманово, дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.

– По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски