Екипата на Кожув е првата која ги дработи сите 22.натпревари од првиот дел на Првата лига-мажи. Во заостанатиот натпревар од 10. прволигашко коло беше подобра од Куманово 2009.
Натпревар со Куманово 2009 за Кожув беше насловен „мора да се добие“… Дури и по секоја цена.
Јасно и поради што, само победата и двата бода го оставаа тимот од Гевгелија да се надева дека може да стигне до позицијата број 8. Или последната која води во плеј-офот и доигрувањето за шампионската титула.
Поразот пак значеше место број 9, и битка за опстанок во друштвото на најдобрите екипи.
„Црвено-белите“ пак ја одбраа првата варијанта. Имаа блескава прва четвртина во која остварија убедливо водство од (27:14), кое до истекот на првото полувреме го зголемија на уште поубедливи (47:30).
Одлично функционираше двоецот Симоновски-Скот кои испорачаа 25.поени (репрезентативецот имаше 15, плус и 4 асистенции).
Кумановци делумно се вратија во третиот период од играта во кој симнаа делод високата негатива. Но не беа кадарни за комплетен „камбек“. За утеха им остана дека беа подобри во второто полувреме од мотиврианито противник.
Ова беше десетттиот триумф за Кожув во 22. За нив последно коло од регуларнито дел и ефект (10-12). За што ќе биде доволен ќе дознаат откако конкурентите, пред се екипата на Навико Академија ФМП го одигра својот меч против екипата на ТФТ во Скопје.
Куманово 2009 е на ефект (10-8) и со крајот на регуларниот дел од Првата лига треба да одигра уште четири заостанати натпревари.