Ковачевски нема да се сретне со Лавров

Сподели со своите пријатели

Премиерот на Македонија Димитар Ковачевски денеска изјави дека нема да се сретне со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој престојува во Скопје на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Loading...

„Нема да имам билатерална средба со Лавров“, изјави Ковачевски, премиерот на Македонија за новинарите пред почетокот на дводневниот годишен состанок на министрите за надворешни работи на земјите учеснички во ОБСЕ.

Ковачевски оцени дека доаѓањето на Лавров во Скопје „апсолутно не е дипломатска победа на Русија“, туку „дипломатска победа на ОБСЕ со оглед на тоа што меѓународната организација е доведена во прашање“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски од Куманово упати порака до „загржените“: Ние не менуваме страни, ние едноставно за разлика од сите нив имаме став

„Со ова ОБСЕ ќе продолжи да функционира и ќе продолжи да биде гарант за обезбедување развој на демократските и мирни процеси во Европа“, посочи Ковачевски.

Во воведниот говор на состанокот на ОБСЕ, Ковачевски посочи дека „воената агресија на Руската Федерација врз Украина е чин на флагрантно кршење на Повелбата на ОН, принципите и заложбите на ОБСЕ, основните премиси на меѓународното право, но пред се вредностите на хуманоста“.

Премиерот на Македонија синоќа се сретна со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и со потпретседателот на Европската комисија Јосеп Борела, кои беа во Скопје на неформалната вечера на Министерскиот самит на ОБСЕ.

На 30. Министерски совет на ОБСЕ што се одржува во спортскиот центар „Борис Трајковски“ присуствуваат околу 1.000 делегати од 76 делегации од 57 земји членки и земји партнери.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните на претстојните избори за работите во Македонија да не бидат како досега

Откако беше потврдено присуството на Лавров, министрите за надворешни работи на Украина, Полска и балтичките земји – Естонија, Летонија и Литванија решија да го бојкотираат форумот на ОБСЕ.

Loading...