Компанија од Унгарија ги произвела пејџерите кои експлодираа во Либан?

Сподели со своите пријатели

Тајванската компанија Gold Apollo соопшти дека не ги произвела пејџерите што експлодираа вчера во Либан, при што загинаа најмалку девет лица, а сега се споменува дека зад производството на пејџерите стои унгарската компанија.

Loading...

По симултаната експлозија на стотици пејџери во Либан, тајванскиот бренд негираше каква било поврзаност со инцидентот.

Како што рече извршниот директор на Gold Apollo, Хсу Чинг-Куанг, уредите го носеа само логото на компанијата и не беа произведени од неговата компанија во Тајван.

Првиот човек на компанијата Gold Apollo објасни дека „компанијата со седиште во Унгарија ги дизајнирала и произведувала пејџерите“, пишува Blick.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Галант: Конфликтот на Блискиот Исток влегува во нова фаза

„Според договорот, ја овластуваме BAC да ја користи нашата трговска марка за да ги продава производите во одредени региони, но дизајнот и производството целосно се управувани од BAC“, изјави Gold Apollo.

Моделот AR-924 споменат во медиумските извештаи, исто така, го произведува и продава BAC.

Според извештаите на тајванските медиуми, Gold Apollo има намера да преземе правни мерки бидејќи компанијата се гледа себеси како жртва.

Gold Apollo е основан во 1995 година и е специјализиран за безжични радио системи.

Loading...