Комедијата „ПРЕМИЕРОТ“ во петок во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Центарот за култура ,,Трајко Прокопиев” во Куманово, во петок од 20:00 часот гостува урнебесната комедија ,,Премиерот” која премиерно беше прикажана во НУ Македонски Народен Театар.

Loading...

 

 

Комедијата ,,Премиерот” е од авторот Огнен Неделковски, а во режија на Сашо Ристовски, додека костимите се на Елена Лука.

 

 

Loading...

Во комедијата ,,Премиерот” играат познатите актери: Магдалена Ризова-Черних, Сашо Ристовски и младите актери: Бранко Атанасов и Ема Давчева.

 

 

Оваа комедија третира актуелни состојби од општеството, односно станува збор за коментар да денешните случувања на локално и глобално ниво.

Низ призмата на театарскиот јазик со многу комични ситуации публиката ќе може да види што се случува во кабинетот на премиерот. Како е да си премиер? Како е соочувањето на кандидатите за премиер? Како се станува премиер? Кој се може да биде премиер? Како е да ја добиеш или изгубиш премирската столица? Дали еден естраден уметник може да стане премиер и да ја води владата? Сите овие прашања и уште многу други низ призмата на комедијата ќе бидат одговорени во оваа урнебесна комедија.

 

Loading...

 

Комедијата е во продукција на Театар ХИТ Скопје, а билетите може да се купат на билетарницата на НУЦК „Трајко Прокопиев“.