Колку заболени од ХИВ/СИДА има во Куманово?

Сподели со своите пријатели

Едно лице е новопозитивен случај на ХИВ/СИДА во Куманово во тековната година, соопштија денеска надлежните од епидемиолошката служба од Центарот за јавно здравје. Лани исто така бил евидентиран еден случај.

Loading...

– Сите кои имаат ризичен однос, оние кои инјектираат дрога, кои се сомневаат, можат да се тестираат анонимно, доверливо во нашето советувалиште. Тестирањето е доброволно и се препорачува за сите засегнати, повика денеска д-р Јадранка Стаменковска, раководител на службата во центарот.

Во Куманово од почетокот од 1987 регистрирани се 28 заболени, од кои ХИВ се 18 инфекции, а СИДА се десет случаи. Од нив, 23 лица се од машки пол и пет од женски пол.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кошаркарките на Куманово го совладаа лидерот на табелата

– Во текот на овој период починати се пет лица, а со ХИВ инфекцијата и СИДА живеат 23 лица. Најзастапената возрасна група е од 35 до 39 годишна возраст, вели Стаменковска.

Лицата кои се инфицирани живеат подолго со антивирусната терапија. Граѓански здруженија изминативе години во соработка со ЦЈЗ, вршеа теренски тестирања особено меѓу зависниците од дрога. Лекарите препорачуваат тестирање за сите оние кои не практикуваат безбедни сексуални односи. Со воведување на антиретровирусната терапија како и со прекспозиционата заштита, периодот на живеење со ХИВ инфекцијата е сè подолг.

– Ние како ЦЈЗ во програмата, освен преку тестирањето организиравме и едукативни предавања во текот на годината, насочени кон младата популација. За нас е многу значајно превенцијата, намалување на дискриминацијата, веќе со оваа инфекција се живее, зголемен е векот на живеење, работоспособноста, и оваа инфекција се смета како хронична болест, додаде Стаменковска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скоро 400 точки минале низ Советот на Oпштина Куманово лани

ЦЈЗ Куманово располага со доволен број тестови.

МИА

Loading...