Колку време е потребно за согорување на храната што ја јадеме?

Сподели со своите пријатели

Многу побрзо консумираме калории отколку што ги трошиме, за жал.

Loading...

Податоците на ново британско истражување откриваат колку време е потребно да ги изгориме калориите кои ги внесуваме со некои од нашите омилени деликатеси.

„Количината” потребни вежби за да се лишиме од мала закуска е пропорционално на примените калории. Така на пример мораме да трчаме во текот на 43 минути за да го неутрализираме ефектот од две парчиња пица.

 

pepperoni pizza
Photo by Peter Bravo de los Rios/Unsplash

 

Колку треба да трчаме или да одиме за другите висококалорични храна и пијалаци?

– Мало шише газиран пијалок (138 калории) – 13 минути трчање или 26 минути одење.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што му се случува на вашето тело кога ќе го прескокнете утринското кафе?

– Пакет чипс (171 калорија) – 16 минути трчање или 31 минута одење.

– Чоколадни вафли (229 калории) – 22 минути трчање или 42 минути одење.

Loading...

– Просечно големо мока (290 калории) – 28 минути трчање или 53 минути одење.

 

brown chips on brown textile
Photo by Mustafa Bashari/Unsplash

 

– Две парчиња пица (449 калории) – 43 минути трчање или 83 минути одење.

Пицата содржи најголемо количество калории од сета анализирана храна и додава речиси половина од препорачаната дневна количина калории за жените – 2000.

Ако консумираме дел од оваа храна во еден ден, вежбите кои треба да ги направиме за да изгориме прифатените калории, треба да се повеќе.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лаванда – природен лек со неверојатни својства

За да ослабнеме, најдобро е да ја избегнуваме потрошувачката или едноставно да ја ограничиме.