Колку нови случаи на ХИВ/СИДА има годинава во Куманово?

Сподели со своите пријатели

Едно лице е регистрирано како новопозитивен случај на ХИВ/СИДА во Куманово во тековната година, соопштија надлежните од епидемиолошката служба од Центарот за јавно здравје.

Loading...

Лани и полани исто така беше евидентиран по само еден случај.

Сите кои имаат ризичен однос, оние кои инјектираат дрога, кои се сомневаат, можат да се тестираат анонимно, доверливо во нашето советувалиште. Тестирањето е доброволно и се препорачува за сите засегнати во одделот за микробиологија, вели епидемиологот Едита Рамизи од ЦЈЗ Куманово.

Во Куманово од почетокот од 1987 година регистрирани се 29 заболени, од кои пет е се починати.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пчиња над просекот. За утре два метео аларми!

Постојано обрнуваме внимание на младата популација преку едукација, одржување предавања во сите училишта на на двата јазика, и на македонски и на албански јазик. На овој начин влијаеме на подигање на свеста за вирусот и болеста, вели докторката.

Лицата кои се инфицирани живеат подолго со антивирусната терапија ако навремено се тестираат, особено при сомнителен контакт. Граѓански здруженија во соработка со кумановските лекари изминативе години вршеа теренски тестирања, особено меѓу зависниците од дрога.

Лекарите препорачуваат тестирање за сите оние кои не практикуваат безбедни сексуални односи. Со воведување на антиретровирусната терапија како и со прекспозиционата заштита, периодот на живеење со ХИВ инфекцијата е сè подолг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гласаат болните, немоќните и затворениците во Куманово

ЦЈЗ Куманово располага со доволен број тестови и ги повика сите засгнати доброволно, анонимно да се тестираат.

Loading...

МИА