Колку чај смеете да пиете дневно?

Сподели со своите пријатели

Чајот има бројни придобивки за нашето здравје, а е богат со кофеин, флавоноиди и флуор. Една студија покажала дека пиењето три шолји чај редовно може да го намали ризикот од срцеви заболувања за 11 проценти.

Loading...

Сепак, прекумерното консумирање чај може да доведе до некои проблеми. На пример, танините, хемиските соединенија во чајот, ја попречуваат способноста на телото да апсорбира железо доколку се консумира во прекумерни количини.

 

Покрај тоа, прекумерната количина на чај може да влијае на дејството на некои лекови. Чајот содржи и кофеин, така што премногу од овој пијалок може да го наруши режимот на спиење, да ја отежне концентрацијата и да предизвика нервоза.
Колку чај е премногу?

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Едноставен рецепт за домашен лек против настинка

 

 

Loading...

Направен е обид да се одговори на ова прашање преку серија студии. Некои велат дека е доволно да пиете помеѓу две и четири шолји чај дневно, додека други тврдат дека не треба да пиете повеќе од 10 шолји дневно, пишува Тајмс оф Индија.

Во просек, три до пет шолји чај дневно е во ред. Обрнете внимание на тоа како вашето тело реагира на соединенијата присутни во чајот.