Коле Ангеловски – лауреат на ДТФ „Денови на комедија 2023“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Актерот и режисер Коле Ангеловски е ќе го добие признанието Васил Иљоски како лауреат на годинешното издание на Драмскиот театарски фестивал „Денови на комедија“.

Loading...

 

 

Директорот на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодорвски, на денешната прес конференција рече дека Ангеловски е човекот кој активно бил вклучен во развојот на фестивалот на неговите почетоци.

– Човекот кој ја започна идејата за овој фестивал пред 26 години, човекот кој активно бил вклучен во процесот на развивање на овој фестивал, навистина му благодариме. Чест е што наградата „Васил Иљоски“ ќе припадне во негови раце, рече Тодоровски.

 

Loading...

 

Ангеловски на прес конференцијата се присети на своите почетоци, сподели интересни моменти од својата петдецениска кариера и рече дека. Вели дека дошле на идеја фестивалот „Денови на комедија“ да биде смотра на хуморот, сатирата и комедијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Изложба на олдтајмери утре во Куманово

– Скоро цел живот се бавам со комедија и тогаш беше директор на домот Јован, Ристо Стефановски, легенда на македонскиот театар, Горан Илиќ, Младен Крстевски, Дац и јас, се договоривме дека тоа треба да биде на почетокот, до ланската година, повеќе смора на хумор, сатира и комедија, немаше награди, од ланската година се воведоа и награди што е добро. Јас најверојатно имам повеќе претстави за овие 26, рече тој.

 

 

Актерот вели дека секоја година најмалку по две негови претстави биле играни на фестивалот што е голема сатисвакција.

– Сакам кога луѓето се среќни и се смеат, како и да свртиме, луѓето не секогаш беа среќни, па кога ќе видите полна сала, седат на скали, и на секоја реплика се смеат, мене големо задоволство ми се правеше. Скоро со сите театри од Македонија сум гостувал на оваа сцена, додава тој.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тошковски се сретна со Дачиќ во СВР Куманово (ФОТО)

Актерката Александра Пешевска, која е дел од советот на фестивалот, за Ангеловски имаше само убави зборови и раскажа дел од нивната соработка.

– Се сеќавам една година имавме една несреќна околност, еден бивш директор на театарот не задолжи во големи долгови до гуша и назначија потоа еден друг директор и тој немаше друг начин освен да го ангажира Коле, секоја година на почеток на сезона да правиме претстави за публика, да враќаме пари во театарот и да расчистиме долгови. Така да Коле не само што ги исцелува луѓето преку смеа, туку има и важна економска страна, вели таа.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ООУ „11 Октомври“ – Куманово одбележува 60 години постоење

Актерот Благоја Чоревски, кој исто така е дел од советот на фестивалот, вели дека со парите што ги добила установата, составила квалитетна програма.

– Погледнете ја програмата, ова да го направиш со тие пари, „огромни пари“ што му ги дадоа на Сашо како директор, мислам дека се уште има магионичари во областа на културата, задравството и образованието, рече Чоревски.

 

Loading...

 

Инаку годинешното издание на фестивалот „Денови на комедија“, започнува на 27 септември и ќе настапат повеќе театри од Македонија и регионот.

Билетите ќе започнат да се продаваат од следниот петок на билетарницата на НУЦК „Трајко Прокопиев“ по цена од 200 денари.

Никола Ивановски