Кој е Бернард Арно? Најбогатиот човек во светот и крал на луксузна империја!

Сподели со своите пријатели

Според листата на Форбс на најбогати луѓе во светот, францускиот инвеститор и колекционер на уметнички дела Бернард Арно е на самиот врв.

Loading...

Неговото име е синоним за светот на луксузните стоки, а со неговата групација LVMH (Louis Vuitton, Moët, Hennessy) покрива бројни познати брендови како Louis Vuitton, Fendi, Givenchy, Sephora, Dom Perignon, Kenzo, Zenit, Hublot.

Вредноста на неговиот имот се проценува на близу 200 милијарди долари, а компанијата со која раководи работи во 81 земја.

Од 1995 година, Арно не престана да гради империја на луксузни брендови, па за релативно краток период ја купи италијанската компанија Fendi (2003), француската стоковна куќа La Samaritaine (2010), италијанскиот бренд за накит Bulgari (2011) и класичниот американски златарски ланец Tiffany & Co. (2021).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поранешен градоначалник на Јужна Дакота обвинет за тројно убиство

Покрај тоа, тој е сопственик и на модните куќи Селин, Марк Џејкобс, Емилио Пучи, Лоро Пијано, и алкохолните пијалаци Белведере, Гленморанџи и Круг.

Ја изградил и фондацијата Луј Витон (2014) и Музејот на современа уметност во Париз, а бил прогласен за командант на Легијата на честа, која е едно од највисоките француски одликувања.

Кога станува збор за неговата биографија, тој е роден во 1949 година во Рубе на северот на Франција.

Дипломирал инженерство на престижната „Ecole Polytechnique“, а во 1971 година започнал да работи во градежната компанија на неговиот татко, која набрзо го убедил да се фокусира на бизнисот со недвижнини, во кој бил многу успешен.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поранешен градоначалник на Јужна Дакота обвинет за тројно убиство

Сепак, тој отсекогаш сакал да биде крал на луксузот, па се приклучил на LVMH во 1987 година како инвестициски партнер, а следната година ја презел функцијата претседател и главен извршен директор на компанијата.

Со поранешната сопруга Ен Деваврин има две деца, додека во сегашниот брак со канадската пијанистка Елен Мерси има уште три. Сите негови деца дипломирале на најпрестижните училишта во Франција и се вработени во LVMN.

Секое дете има 20 проценти од акциите во ЛВМН, кои не можат да ги продадат во следните 30 години без одобрение на одборот на директори.

Сепак, имајќи предвид дека Бернард наскоро треба да се пензионира, се шпекулациите за тоа кое дете ќе го наследи на чело на компанијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поранешен градоначалник на Јужна Дакота обвинет за тројно убиство

Затоа медиумите во Франција често го споредуваат семејството Арно со семејството Рој од популарната серија „Наследниците“.

Во текот на неговата кариера, тој добро соработуваше со клучните политички фигури, вклучувајќи го и актуелниот претседател Емануел Макрон.

Групата ЛВМХ на Арно оваа година ќе обезбеди 150 милиони евра за спонзорство на Олимписките игри во Париз, додека златарницата Шум ќе ги дизајнира олимписките медали.

Љубител е на уметноста, луксузните возила и накитот.

Loading...

Неговата галерија содржи дела од Пабло Пикасо и се проценува дека вреди милијарди евра.