Клуб на млади на ОО на Црвен Крст Куманово одат на државен натпревар (галерија)

Сподели со своите пријатели

Пред зградата на ОО на Црвен Крст Куманово, денес се одржа општински натпревар во укажување на прва помош.

Loading...

Поради послабиот одзив ова година, денес се натпреваруваа четири екипи, и тоа екипа од  Средното општинско техничко училиште ”Наѓе Буѓони” составен од ученици Македонци и Албанци, волонтерите на Црвен Крст како и екипа на основците на ООУ ”Кочо Рацин”.

Како што информираше Раде Ристиќ, претседател на Клубот на млади членови на ОО на Црвен Крст Куманово, најдобрата екипа ќе се натпреварува на државниот натпревар кој ова година во септември ќе се одржи во Крива Паланка.

 

[huge_it_gallery id=”68″]

 

Подготовките за општинскиот натпревар траеле два месеци, со вежбање на вештини за спасување на човечки живот, вели Анастасија Манасиевска, ученик од ОСТУ ”Наце Буѓони”.

Loading...

Клуб на млади на ОО на Црвен Крст Куманово како најдобро пласирани победија на денешниот општински натпревар во укажување прва помош