Ростерот на Кошаркарскиот клуб Куманово ќе се засили со двајца нови кошаркари кои ќе играат за клубот во вториот дел од сезоната, а станува збор за младите српски интернационалци Јован Црниќ и Никола Лакиќ.
Јован Црниќ е роден 1994 година во Ниш, висок е 201 сантиметар и игра на плејмеркерската позиција.
Првиот професионален договор го има потпишано за КК Слобода од Ужице, а во редовите на Куманово доаѓа од Франција.
Никола Лакиќ е нешто помлад, роден во 1996 година, висок исто така 201 сантиметар, а игра на бековската позиција.
Во Куманово доаѓа од српскиот Беовук, а има настпаувано и во лигите на Босна и Херцеговина и Италија.
Двајцата српски интернационалци веќе се регистрирани во КФСМ и вечерва ќе играат на средбата со Работнички на гостински терен.