Пред неколку месеци Куманово доби ново спортско игралиште за кошарка кај Спортската сала, меѓутоа набргу еден од кошевите беше вандализиран од несовесни граѓани.
Деновиве Кошаркарскиот клуб Куманово со група спортски ентузијасти од градот го решија проблемот и поставија нов, со надеж дека овој ќе трае подолго.
Новото спортско игралиште, каде се наоѓа и детско катче и „Паркот на пријателите“ оваа лето е простор исполнет со детски џагор до доцните вечерни часови.
Надлежните апелираат оние кои не сакаат да се занимаваат со спортот, тоа да не им го ускратуваат на останатите граѓани, пред се младите луѓе во градот.
Инаку, јавниот имот во Куманово е честа мета на вандали, а и покрај поднесените пријави до СВР Куманово, досега според нивните билтени, не е откриен и казнет ниту еден сторител.