Ќе се проширува патарината Миладиновци (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Наплатната станица кај Миладиновци, за влез и излез од Скопје, ќе биде проширена со уште една лента од десната страна.

Со новата лента, како што посочи Коце Трајановски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, ќе се зголеми протокот, бидејќи тоа е една од најтесните грла на автопатот.

– Не е само таа патарина, туку 5-6 кои беа финансирани од Светската банка, беа тука многу закочени работите, успеавме по неколку месеци да бидат откочени работите, ќе се прави уште една лента од десната страна и со тоа да се зголеми протокот, бидејќи тоа е едена од најтесните грла на патарините во Република Македонија и се надевам дека за неколку месеци и тоа ќе биде решено, изјави Трајановски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Два медала за Пливачки клуб „Атлета“ од Куманово на „Atlas Winter Cup 2025“ (ФОТО)

 

 

Приоритет ќе се даде на минувањето патарина со т.н. тагови, кои освен на автопатите во Македонија ќе може да се користат и во Србија, Грција и Хрватска.

– Можам да кажам дека подготвуваме и нова одлука со која ќе гледаме што повеќе да имаме поминување на патарините со тагови. Ако сега имаме 35.000 тагови планираме да дојдеме до 200 – 300 илјади, слично како што е во Србија, а тие да важат и во Србија, Грција и Хрватска, и се надевам дека до летото тоа ќе го направиме, посочи директорот.

Целта, вели тој, е да се плаќа помалку во кеш или со платежни картички.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Едно дете со нова песна пред настапот на 27ми на плоштадот во Куманово (ВИДЕО)

Никола Ивановски