Кишида од Нагасаки вети повеќе напори за свет без нуклеарно оружје

Сподели со своите пријатели

Јапонскиот премиер Фумио Кишида во Нагасаки, кој беше уништен од американската атомска бомба во 1945 година, вети дека ќе вложи повеќе напори за да ја достигне целта – свет без нуклеарно оружје и нагласи дека тоа е „заедничкиот идеал на човештвото“.

Loading...

Кишида, на седницата на Меѓународната група на еминентни личности за свет без нуклеарно оружје, рече дека поделбите во меѓународната заедница во врска со денуклеаризацијата се продлабочуваат, очигледно имајќи ја предвид руската инвазија на Украина, пренесува агенцијата Кјодо.

„Мораме да се вклучиме во дискусии без двоумење и да ги унапредиме реалните и практични напори за да го постигнеме моментумот на меѓународната заедница кон нуклеарно разоружување пред сè друго“, рече Кишида.

Пред својот говор тој се сретна со луѓе кои го преживеаја нуклеарниот напад на САД, познат како хибакуша.

Меѓународната група на еминентни личности за свет без нуклеарно оружје е формирана на иницијатива на Кишида, пратеник од изборната единица Хирошима, првиот град нападнат од американската атомска бомба.

Кишида инсистираше на својата визија за свет без нуклеарно оружје откако ја презеде функцијата премиер на Јапонија во октомври 2021 година.

Форумот, кој го одржа својот прв состанок во декември 2022 година во Хирошима, се состои главно од научници кои подготвуваат предлози за конференцијата за Договорот за неширење на нуклеарното оружје во 2026 година. Нивниот последен собир се одржа во април во Токио.

Кишида, пак, беше домаќин на самитот на Групата седум во Хирошима во мај, поради загриженоста дека Русија би можела да употреби нуклеарно оружје во својата војна против Украина која започна во февруари 2022 година, според Кјодо.

Loading...