Кина воведува санкции за американски воени компании за продажба на оружје на Тајван

Сподели со своите пријатели

Кина одлучи да воведе санкции за 13 американски воени компании и нивните раководители, кои ќе стапат на сила денеска, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

Loading...

Санкциите на американските воени фирми беа воведени како одговор на американската продажба на оружје на Тајван, за која Пекинг рече дека го поткопува суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина, се вели во соопштението, пренесе Ројтерс.

Меѓу компаниите кои се цел на санкциите се „Teledine Brown Engineering Inc“, „BRINC Drones Inc“ и „Shield AI Inc“, се вели во соопштението на кинеското Министерство.

Во соопштението се нагласува дека прашањето за Тајван е „во сржта на интересите на Кина“ и дека тоа е „црвена линија што не може да се премине во односите на Кина со САД“, наведува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Суд во САД: Слоновите не се луѓе