Кина тргнува во војна со стриптизот на погреби (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кинеските власти овие денови започнаа нова акција против феноменот кој се јавува уште само во руралните подрачја на земјата, а тоа е стриптиз на погреби.

Како пишува британски Телеграф, кинеското Министерство за култура кон крајот на јануари соопштило дека ги означиле стриптизот и други вугларни претстави за време на погреб како појави кои мора да се искоренат по секоја цена.

Војната со овој вид стриптиз во Кина трае долго, уште од 2006. година, кога е започната првата кампања, додека вториот бран на војната против овој бизарен тренд започна во 2015. година.

Според наводите на Министерството за култура на емта се четири кинески провинции: Хенан, Анхуи, Јиангсу и Хебеи.

 

Loading...

https://youtu.be/iYfAJlERgxw

 

Според верувањата во руралните подрачја на Кина, стриптизот ги потикнува луѓето во поголем број да доаѓаат на погреби, додека од друга страна постои верување дека покојникот на „оној свет“ ќе биде побогат доколку на неговото испраќање има поголем број луѓе.

Кинеските етнолози истакнуваат дека ваквите свечености се организираат во чест на репродукцијата, додека антропологот Куанг Хаијан додава дека еротските перформански на погреби се културен активизам.

Поради масовната појава кинеската влада отворила бесплатни телефонски линии па граѓаните можат да пријават случаи на стриптиз на гробишта, за дојавите добиваат и парични нгради.

https://youtu.be/A5V_eY6MX1o

Според расположливите информации, овој обичај најмногу се задржал во кинеските села, кои и ден денес издвојуваат големи праи за ангажирање стриптизени, пејачки и актерки, а се со цел на погребот да има што поголем број луѓе.

Стриптизетите, обично биле локални проститутки.

Leave a Reply