Кина го поддржува мировниот план на Трамп за Украина

Сподели со своите пријатели

Кина изрази поддршка за иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп за постигнување договор со Русија за ставање крај на војната во Украина, за време на состанокот на Г-20 во Јужна Африка.

Loading...

Додека сојузниците на САД застанаа на страна на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави утринава Ројтерс.

„Кина ги поддржува сите напори кои придонесуваат за мир (во Украина), вклучително и неодамнешниот консензус постигнат меѓу САД и Русија. Кина е подготвена да продолжи да игра конструктивна улога во политичкото решавање на кризата“, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на собирот на министрите за надворешни работи на Г-20 во Јоханесбург, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Кина е откриен нов коронавирус, а може да се пренесе и на луѓе!

Ванг не го повтори ставот што го искажа на Минхенската безбедносна конференција минатиот петок, дека сите актери во руско-украинскиот конфликт треба да учествуваат во мировните преговори.

Американската администрација вчера објави дека се согласила да ги продолжи разговорите со Русија за ставање крај на речиси тригодишниот конфликт, откако во Саудиска Арабија се одржаа 4,5 часа разговори.

Русија изјави дека разговорите биле корисни, но ги заостри своите барања, особено инсистирајќи дека нема да го толерира приемот на Украина во НАТО.

Во средата, Трамп го означи Зеленски „диктатор“, што поттикна поддршка од членките на Г20 како Австралија, Германија и Обединетото Кралство, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Драматичното ноќно обраќање на Зеленски: „Дадов инструкции сè да се направи брзо“