Ким Џонг Ун посети градилиште на туристичката зона на источниот брег на Вонсан

Сподели со своите пријатели

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го посети градилиштето на туристичката зона на источниот брег на Вонсан, објавија денеска државните медиуми, наведувајќи дека тоа се смета за потег чија цел е развој на туристичката индустрија во услови на меѓународни санкции поради воената нуклеарна програма и ракетни програми.

Loading...

Севернокорејската централна новинска агенција KCNA соопшти дека Ким во вторникот ја посетил туристичката зона Вонсан Калма на севернокорејскиот брег, додека проектот влегува во последната фаза, објави Јонхап.

На состанокот со официјални лица, Ким повика и на целосни оперативни подготовки за да може крајбрежната туристичка зона да се отвори до мај следната година.

Проектот започна во 2014 година со цел да биде завршен до 15 април 2019 година, во чест на роденденот на починатиот основач на земјата, Ким Ил Сунг, пренесува Танјуг.