Ким Џонг Ун надгледуваше вежби со симулација на нуклеарен контранапад против Сеул и Вашингтон

Сподели со своите пријатели

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун надгледувал вежби во кои се симулирале нуклеарни контранапади врз Сеул и Вашингтон, објавија денес локалните медиуми.

Loading...

Јужнокорејската војска соопшти дека вежбите, во кои биле вклучени „различни видови“ балистички ракети со краток дострел, би можеле да бидат поврзани со извозот на оружје од Северна Кореја во Русија.

 

 

Русија и Северна Кореја потпишаа договор за заедничко стратешко партнерство во јуни 2024 година, кој предвидува меѓусебна воена помош во случај на напад врз која било од нив.

Вежбите вклучуваа ракетен систем и тактичка балистичка ракета, објави севернокорејската новинска агенција KCNA.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Данска е бесна на САД: Зошто Америка го шпионира Гренланд?

Беше одржана детална обука за „постапки и процеси за брзо преминување во позиција на нуклеарен контранапад“, додаде агенцијата.

Loading...

 

 

„Целта на вежбата беше постигната и беше потврдена сигурноста на командниот и мобилизацискиот систем способен брзо да одговори на секоја нуклеарна криза“, соопшти KCNA.

Санкциите на ОН против Пјонгјанг поради неговата нуклеарна програма ѝ забрануваат да поседува балистички ракети.