Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го надгледуваше тестирањето на дронови развиени во таа земја минатиот викенд, објави во понеделникот Корејската централна новинска агенција KCNA, пренесува Ројтерс.
Фотографиите објавени во понеделникот од севернокорејските медиуми покажуваат бел дрон со опашка во облик на Х и крила како се спушта надолу и уништува цел што личи на јужнокорејски главен тенк К-2.
Севернокорејскиот лидер во саботата го посети Институтот за беспилотни летала на севернокорејската академија за одбранбени науки и учествуваше во успешното тестирање на беспилотни летала кои идентификуваат и уништуваат конкретни цели откако летаа по различни претходно поставени рути, објави КЦНА.
Во исто време, Ким повика на производство на повеќе дронови – беспилотни летала – кои ќе ги користат тактичката пешадија и единиците за специјални операции, како што се подводни оружја за уништување и беспилотни летала за стратешко извидување и повеќенаменски напади.
Воени вежби на САД и Јужна Кореја
Исто така, тој нареди дополнителни тестови за борбена употреба на беспилотни летала со цел да се опреми севернокорејската армија со ова оружје што е можно поскоро, според КЦНА.
Севернокорејските власти ги зајакнаа тактичките воени способности, вклучително и ракети со краток дострел и тешка артилерија со цел да го нападнат Југот, сето тоа откако направија голем напредок во балистичките ракети со долг дострел и нуклеарните програми.
Тестовите доаѓаат додека војската на САД и Јужна Кореја спроведуваат големи воени вежби насочени кон подобрување на нивните заеднички способности за одбрана од севернокорејската закана.
Тренинзите продолжуваат до четврток.