Катастрофални поплави во Грција: Поројот носеше возила, водата стигна до куќите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Лошото време, придружено со обилни врнежи и силно невреме, ги погоди Кикладите во Грција.

Loading...

На Парос поплавени се бројни улици, а поројот однесе дури и неколку возила.

 

 

Противпожарните служби соопштија дека од едно возило биле извлечени две лица и тие сега се пренесени на безбедно.

Засега нема извештаи за исчезнати лица.

„Има сериозен проблем на централните патни правци. Два часа врнеше силен дожд, што доведе до одрони, потоците нараснаа, состојбата со патиштата се влошува“, најави градоначалникот на Парос, Костас Бизас.

Loading...

 

 

Тој додаде дека училиштата и градинките се затворени и така ќе останат и утре.

Противпожарните служби соопштија дека еден од нивните хеликоптери не можел да слета на островот и да помогне поради лошите временски услови.

Претходно, многу луѓе на островот добија порака за забрана за движење на возила на патиштата поради лошите временски услови.

 

Loading...

 

Нешто по 19 часот истата порака стигна и до граѓаните на Миконос.

Градот, кој го погоди островот нешто по 17 часот. предизвика штети, а многу патишта се претворија во реки.

Исто така, островот Сирос го зафати силно невреме пропратено со град.

 

 

Метеоролошките служби најавуваат дека обилните врнежи и невремето ќе траат до среда наутро.

Loading...

Црвениот метео аларм е во сила на повеќето острови до утре наутро.