Камион со сладолед се преврте на патот Куманово – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Камион со ладилник кој превезувал сладолед, вчера се превртел на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка при што со полесни телесни повреди се здобил 38-годишниот возач од скопско Студеничани, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Несреќата се случила кај селото Војник, кога на камионот натовраен со сладолед му пукнала гумата, по што возилото се превртело.

Со возило на Итната медиицнска помош, повредениот возач бил пренесен во Хирушка болница Скопје.

Сладоледот требал да биде транспортиран од Скопје до Република Турција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Автомобил опожарен на патот Куманово - Крива Паланка

Leave a Reply