Камбоџа испраќа деминери да обучуваат Украинци

Сподели со своите пријатели

Камбоџа ќе обезбеди свои експерти за деминирање кои ќе обучуваат украински воени инженери.

Loading...

Камбоџанскиот премиер Хун Сен изјави дека ќе испрати свои специјални сили во Украина во соработка со Јапонија, пренесе украинска „Правда“.

Генералниот директор на Центарот за мини во Камбоџа, Хенг Ратана, рече дека неговата агенција ќе ја испрати првата група во Украина на почетокот на декември, а втората би можела да биде испратена во првиот квартал на 2023 година.

Камбоџа е позната во светот како една од земјите со најмногу мини по речиси 30 години војна која заврши во 1998 година.

Оттогаш се пронајдени и уништени голем број мини и други неексплодирани убојни средства, што значително го намали бројот на жртвите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Орбан предизвика бура со изјавата дека Украина е ничија земја

Камбоџанците се меѓу најискусните во светот, а во изминатата деценија неколку илјади беа испратени на Блискиот Исток и Африка под покровителство на ОН.