Какво време не` очекува во следните денови

Сподели со своите пријатели

Првата работна недела од новото календарско лето нема да донесе летни горештини. Напротив, може слободно да се каже дека се очекува умерено топло време. Утрата се` до среда ќе бидат релативно свежи, а од четврток минималната температура ќе бележи постепен пораст.

Loading...

Вторник, за разлика од понеделник, ќе биде малу потопол. па температурата низ котлините воглавно ќе има вредности во границите од 25°С до 29°С, а на југоисток околу 30°С.

Среда пак, има потенцијал да биде и најтоплиот ден во работната недела. Максималната температура овој ден ќе биде за околу 2 до 3 степени повисока за разлика од вторник.

Четврток ќе го прекине трендот на пораст на температурата. Максималната тогаш ќе има вредности од 24°С до 28°С. Слична температура се очекува и во петок.

Во однос на временските услови, „најчисто време“ очекуваме во вторник, кога речиси и  ќе нема облаци.

Среда ќе биде претежно сончева. Попладне ќе има мало наоблачување, а минимални услови за повремен дожд ќе има околу планините во северниот регион од земјава. Вечерта кон четврток се очекува брз продор на мал влажен бран од север. Истот ќе донесе краткотраен дожд во утринските часови од четврток на повеќе места низ земјава. Веќе во четврток попладне се очекува поголемо разведрување.

Петок во најголем дел од земјава ќе биде претежно сончев со мала до умерена обалчност. Само во планинските делови од јужниот крај е можен краткотраен развој на нестабилна облачност.