Многумина тврдат дека Ојмјакон е најстуденото населено место на Земјата. Тоа е село кое се наоѓа во Јакутија во источниот дел на Сибир.
Најниската температура е измерена во февруари 1933 година и изнесувала -71,2 степени Целзиусови.
Станува збор за бројка што ќе ја видите испишана на бројни сувенири во Ојмјакон.
Иако никогаш повеќе не е измерена таква температура, зимите овде се прилично сурови. На пример, во јануари нормално е термометарот да покажува -50 степени Целзиусови.
Ојмјакон било место каде сточарите застанувале да напојуваат говеда во блискиот термален извор кој никогаш не замрзнува, но денес во него живеат околу петстотини жители.
Животот во зимските месеци не е лесен, но населението се приспособило на екстремните услови.
Земјата е трајно замрзната во текот на целата година и речиси ништо не успева, па населението главно се храни со риба, коњско месо и млечни производи.
Исто така, во шумата собираат шумски плодови кои ги мешаат со замрзнато млеко за да добијат специјалитет од Ојмјакон сличен на сладоледот од ќорчех.
Тука не е доволно само еден пар ракавици или еден капут. Населението се облекува слоевито, а од дома излегува само кога треба.
Не е чудно што во такви услови не можат да ги запалат моторите на автомобилите, ниту пак авионите да полетуваат.
Чистиот воздух и домашната храна без индустриска преработка придонесуваат за здравјето на ојмјаконците, кои во просек живеат долго.
Дури и кучињата се навикнати на студ, а сибирските хаски, наводно, можат да спијат на отворено на температури до -50 Целзиусови степени.
https://youtu.be/Fz4ZMLsPzqM