Како изгледа нуркањето помеѓу два континенти (видео)

Сподели со своите пријатели

Сакате да пливате измеѓу два континенти? Силфра е едно од ретките места во светот кое тоа го овозможува и е вистински доказ дека Земјата постојано не изненадува.

Loading...

Оваа пукнатина во морето се наоѓа на Исланд и ги дели евроазиската и северноамериканската тектонска плошка кои се одалечуваат една од друга со брзина од два сантиметри за година и секои десетина години предизвикуваат земјотреси.

Народот Бајау скоро половина од животот го минуваат во нуркање на 70 метри длабочина

Нурнувањето во пукнатината за многу нуркачи е животен спектакл кој овозможува да допрете два различни континенти, а притоа студената кристално сина вода овозможува и спектакуларни призори затоа што видливоста е скоро 100 метри во секоја насока.

За кристално чистата вода е заслужен глечерот Лангјекул. Во сезона на топење на ледот водата проаѓа низ карпите и притоа додатно се филтрира. Неколку децении биле потребни за да водата дојде до овие пукнатини.

Leave a Reply