Јужна Кореја: Претседателски избори на 3 јуни

Сподели со своите пријатели

Јужна Кореја ќе одржи предвремени претседателски избори на 3 јуни за да избере наследник на Jун Сук Јеол, соборен на 4 април по неуспешниот обид да се воведе воена состојба, објави денеска привремениот лидер на земјата.

Владата „ќе го избере 3 јуни за датум за 21. претседателски избори во Јужна Кореја“, рече Хан Дук-су на состанокот на владата, додавајќи дека тој ден ќе биде државен празник за да се олесни гласањето.

Уставниот суд го иницираше процесот за одржување претседателски избори во рок од 60 дена по гласањето за импичмент на Jун Сук Јеол.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Речиси 2.000 уапсени на средношколските протести во Франција: Над 400 училишта затворени

Лидерот на опозициската Демократска партија, Ли Јае-Мјунг е претседателскиот кандидат кој важи за фаворит.