Вијалиј Виграновски, 38-годишен јутубер од Русија, си поставил предизвик кој заврши трагично.
Имено, тој сакал да провери колку човек може да преживее без храна и вода, па затоа решил да гладува во следните 40 дена.
По десет дена заминал во пустината со објаснување дека градскиот народ и вревата почнале да го вознемируваат.
Поминале уште десет дена, а потоа ги известил своите следбеници дека нема енергија за физичка активност, дека изгубил тежина, но дека сега има чувство на ситост.
Почнал да се чувствува полошо, но тоа не го спречило да го продолжи својот експеримент.
Тој рејик дека тоа е игра што ја прифатил и дека му било интересно да ги следи промените што се случуваат од ден на ден.
„Телото е целосно обновено, секоја ќелија“, рече Виграновски, кој за жал починал по 40 дена од неговиот предизвик.
Иако се претпоставува дека телото повеќе не може да ги поднесува страдањата, лекарите сè уште не потврдиле дека експериментот бил причина за смртта, пренесува Anews.