Ново фитнес искуство доаѓа во Куманово, и тоа не наликува на ништо што сте го виделе досега било каде во Македонија.
Jungle Gym, иновативна теретана со тема инспирирана од џунглата, ги отвара вратите на ден 13.11.2024г, нудејќи им на членовите уникатен спој на фитнес и авантура.
Сместена во срцето на градот, на улицата „Доне Божинов“, над ресторанот „Унико“, Jungle Gym ќе биде целосно ново доживување за фитнес зависниците.
Со уникатен декор и извонредни пејсажи од дивината, Jungle Gym има за цел да ги пренесе посетителите на теретана во живописно, природно опкружување додека вежбаат.
Сопственикот на теретаната, фитнес инструкторот Марио Петровски, за Кумановски Муабети вели дека неговиот животен сон се остварува по напорни четири години работа.
– Ова ми беше животна цел на која работев цели пет години по 15 часа, секој ден. Половина ден работев во специјалната единица на Армијата, а втората половина од денот ја минував во теретана. Желбата ми беше да работам со луѓе и да го менувам нивниот живот кон подобро, раскажува Петровски.
Изминатите четири години, додава тој, работел се што можело да се работи. Парите наместо на излегување и луксузирање, ги штедел, за да сега го исполни својот сон.
– Никогаш не се гледав себеси на друго место, освен во фитнесот. Отсекогаш манифестирав да бидам различен и посебен, како јас, така и теретената сакав да биде нешто посебно и уникатно. Место кое луѓето нема да го доживуваат само како теретана, туку простор кој може да им го промени животот само кон подобро, вели Петровски.
Концептот на теретаната е изграден околу идејата за поврзување на фитнесот со авантурата, создавајќи простор каде што луѓето можат да избегаат од секојдневието додека работат на своите фитнес цели.
Студиите покажуваат дека престојот во природа може да го намали стресот и да го подобри расположението, а ние сакавме да го донесеме тој концепт во затворен простор. Jungle Gym е дизајниран да ги стимулира сетилата и да создаде простор за вежбање кој не само што ве предизвикува физички, туку ви помага да се чувствувате освежени и ментално исполнети – вели Петровски.
По повод отварањето Jungle gym ви нуди попуст од 1.500 денари за вежбање до крајот на годината и уште многу други попусти на суплементација.
Jugnle Gym се очекува да направи голем удар во локалната фитнес сцена. Нудејќи мешавина од авантура, фитнес и забава, оваа нова теретана има за цел да го подигне искуството со вежбање до нови височини – токму во срцето на урбаната џунгла.