Југот на Франција се бори со невидена суша

Сподели со своите пријатели

На југот на Франција, камените фонтани стари со векови се празни, а чешмите во домовите работат само според строгата дневна граница, благодарение на камионите-цистерни, бидејќи природните извори пресушија.

Loading...

Додека земјата, како и поголемиот дел од Европа, се бори со суша и рекордни температури, жителите на живописното село кои порано без размислување ги наводнуваа своите градини или ги полнеа базените, сега мора да ги прават работите сосема поинаку, рече градоначалникот Рене Хугот.

„Стануваме малку очајни“

„Понекогаш има неколку облаци, но нема вода, ни капка дожд“, рече тој, седејќи до фонтаната што се исуши.

„Ние стануваме малку очајни бидејќи ситуацијата не се подобрува… Сите ја намалија потрошувачката на вода“, додава тој.

Нивото на потрошувачка на вода се проверува секоја недела за да се осигура дека сите домаќинства во селото го почитуваат лимитот од 150 литри вода по лице дневно.

За да стигне водата до тоа и до соседните села, таа мора да се транспортира од области каде што има доволно вода.

„Тоа е исклучителна ситуација“, рече Ерик Мартел, директор за водоснабдување на општината Фаенс, на која и припаѓа Сеиланс.

Тој додава дека од минатата есен паднал многу малку дожд.

Loading...

„Она што не загрижува се претстојната зима и пролет. Ако тогаш не врне, ќе бидеме во драматична ситуација“, посочува тој.

фото: илустрација