Советникот Тапело Амад, од малата муслиманска партија, во петокот беше избран за градоначалник на Јоханесбург, со што стана првиот муслиман кој ја предводи економската престолнина на Јужна Африка.
Амадо (41), член на партијата Ал Џама-ах, беше избран од градскиот совет и ќе го замени актуелниот градоначалник Мфо Фалатсе од Демократската алијанса, водечката опозициска партија во Јужна Африка, пренесува Бета.
„Историски ден за Јужна Африка“
„Ова е историски ден за Јужна Африка, а особено за Јоханесбург, со првиот муслимански градоначалник на најголемата метропола во земјата“, рече Амад.
Новиот градоначалник е избран со поддршка на владејачката партија, Африканскиот национален конгрес (АНЦ), која има најмногу советници, но не и апсолутно мнозинство во градскиот совет на Јоханесбург.
Јоханесбург е поделен град: сиромашните претежно живеат во јужните предградија или на крајните северни предградија, а средната и високата класа претежно живеат во централните и северните предградија.