Јапонија во тревога, доаѓа тајфунot Јангми: Откажани над 300 летови (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Службениците предупредија дека тајфунот Јангми се приближува кон Јапонија, носејќи обилни врнежи од дожд и силни ветрови.

Откажани се повеќе од 300 летови, а можни се и предупредувања за итна евакуација.

Јапонската метеоролошка агенција објави дека тропската бура е лоцирана западно-северозападно од Амами од 7:00 часот утрово, а силните ветрови веќе оштетија делови од Окинава и повредија повеќе од десет лица.

Се очекува бурата да донесе до 350 милиметри дожд во регионот Кинки во следните 24 часа, додека тајфунот Јангми би можел да донесе и обилни врнежи од дожд по должината на брегот на Пацификот на Јапонија додека се приближува кон копното, објави NHK.

Службениците го насочија вниманието кон можните предупредувања од ниво 4, нова категорија што значи „итно предупредување“ и подразбира потреба од итна евакуација од загрозените подрачја.

 

 

Тајфунот Јангми веќе предизвика сериозни прекини во воздушниот сообраќај во Јапонија, а може да влијае и на железничкиот сообраќај, вклучувајќи ги и брзите возови Шинкансен.

Денес, „Џапан ерлајнс“, „Ол Нипон“ и други откажаа најмалку 326 летови, претежно до и од аеродромите Кагошима и Мијазаки, со доцнења пријавени дури и во Токио.

Компаниите ги предупредија патниците редовно да ги следат официјалните известувања, наведувајќи дека се можни дополнителни доцнења и откажувања во зависност од движењето на тајфунот.

Јангми е шестиот тајфун оваа сезона.