Јапонија: Уапсен маж кој украл амбулантно возило

Сподели со своите пријатели

Полицијата во Куки, во јапонската префектура Саитама, уапси 46-годишен маж под сомнение дека украл амбулантно возило.

Loading...

Според полицијата, Хироши Хирата се јавил на 911 во понеделникот вечерта жалејќи се на болки во стомакот.

Тројца болничари го прегледале Хирата, кој во тоа време бил пијан и утврдиле дека нема потреба да оди во болница, пренесува Japan Today.

Полицијата соопшти дека Хирата збеснал и им се заканил на болничарите со нож, а потоа излегол надвор и им го украл возилото на брзата помош.

Полицијата ги пронашла Брзата помош и Хирата на паркинг во аптека на околу 100 метри и го привела на лице место.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нов пожар се шири во Калифорнија, наредена е евакуација (ВИДЕО)

Во полициското соопштение се наведува дека Хират им рекол дека има намера „сам да се вози во болница“, пренесува Танјуг.