Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска му рекол на својот кинески колега Ли Кечијанг дека се надева дека двете земји ќе работат на конструктивни и стабилни односи, соопшти Министерството за надворешни работи на Јапонија.
Двајцата се сретнаа на самитот на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Камбоџа, објави Ројтерс, а пренесе Танјуг.
За време на разговорот, Кишида го повтори ставот на Јапонија за неодамнешните тестови на балистички ракети, од кои едната ја прелета Јапонија, велејќи дека тоа е евидентна и опасна закана за меѓународната заедница и дека е неприфатливо.
Јапонскиот премиер повика и на соработка меѓу земјите за целосно демонтирање на севернокорејските балистички ракети и оружје за масовно уништување.