Јанкуловска: Заев повеќе од три месеци се иживува со мене (видео)

Сподели со своите пријатели

Зоран Заев денес го достигна врвот на монструозноста, обвини денес на вонреден прес, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска по повод објавените прислушкувани разговори за убиството на Мартин Нешковски, а објавени од Социјалдемократскиот Сојуз.

Loading...

– Денес повторно поигрувајќи си со емоции на најгруб начин злоупотребувајќи ја трагичната смрт на еден млад човек, за која не постои човек кој не чувствува жалење и не е погоден, покажа дека за да оствари политички профит е буквално спремен на се- монструозни конструкции, мрачни сценарија и најгруби манипулации. Повеќе од три месеци Зоран Заев најбрутално  се изживува со една група на луѓе вклучувајќи ме и мене. Не престанува да не претставува на начин каков што може да замисли само еден болен ум. На такво нешто нема човек што може да остане рамнодушен, рече Јанкулоска.

 

Leave a Reply