Израелскиот премиер симнат од бина, се вклучија сирените за ракетен напад

Сподели со своите пријатели

Вечерва се огласија сирени за предупредување од ракетен напад во градовите Ашкелон и Ашдод во јужен Израел, предупредувајќи на лансирање ракети од појасот Газа и го прекинаа предизборниот митинг на кој присуствуваше израелскиот премиер Бенџамин Нетенјаху.

Loading...

Тогаш, Нетанјаху им се обраќаше на стотиците приврзаници на Ашдод и беше симнат од сцената, откако се слушнаа сирените.

Додека чуварите го одвеле, израелскиот лидер им кажал на толпата да останат смирени, пренесе АП.

Некои жители рекле дека исто така слушнале експлозии, но општината Ашдод и локалната полиција соопштија дека нема ракети во градот.

Израелската војска соопшти дека го истражува инцидентот.

Израелските медиуми последователно објавија дека две ракети биле истрелани од Газа јужно од Израел и биле пресретнати од одбрамбениот систем „Железна купола“.

Leave a Reply