Израелски министер: Хамас ја загуби контролата врз Појасот Газа

Сподели со своите пријатели

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави, по нешто повеќе од пет недели војна, дека Хамас „ја изгубил контролата во Газа“ и дека неговите членови „бегаат на југ“.

Loading...

„Нема сили на Хамас способни да ги запрат ИДФ (Израелските одбранбени сили). Израел напредува на секоја точка. Организацијата Хамас ја загуби контролата врз Газа. Терористите бегаат на југ. Цивилите ги ограбуваат базите на Хамас. Тие немаат доверба во владата“, рече Галант по проценката на конфликтот.

Тој додаде дека израелските сили напредуваат според планот и „прецизно, смртоносно ги исполнуваат задачите“, пренесоа израелските медиуми.

Министерот оцени дека израелската армија во последните денови ја „засилила“ својата активност против тунелите на Хамас.

„Работиме согласно задачите. Немаме стоперка. Имаме цели. Ќе ги постигнеме нашите цели“, најави министерот.

Израелските медиуми коментираат дека тоа е алузија на претходната изјава на министерот за надворешни работи на Израел, Ели Коен, кој рече дека меѓународниот притисок може да ја натера земјата да ги промени своите акции во Газа, чија цел е да го уништи Хамас.

Израел без престан ја бомбардира Газа од воздух, копно и море како одговор на нападот без преседан на Хамас на нејзина територија.

Од крајот на октомври, израелските копнени сили напредуваат на северот на Газа и се борат со членовите на Хамас во срцето на главниот град, каде што се уште се наоѓаат десетици илјади цивили и покрај израелската наредба за евакуација.

Loading...

Израелската армија секојдневно известува за новото уништување на воената инфраструктура на Хамас во Газа, за откривање магацини за оружје, за уништување на тунели и за убивање на команданти на таа организација, која Израел, ЕУ и САД ја сметаат за терористичка организација.

Според израелски воени извори, пред 7 октомври Хамас имал 30.000 борци во Газа, поделени во пет регионални бригади, 24 баталјони и 140 чети, пренесе агенцијата Франс прес.

Истите извори наведуваат дека баталјоните на Хамас на север претрпеле значителни загуби во изминатите недели. Многу експерти предупредуваат на опасноста од улични борби во разурнатата Газа.

Меѓународните хуманитарни организации ги засилија повиците за прекин на огнот.