Израелците се подготвуваат длабоко под земја за одмазда на Хезболах (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во Хаифа, на северот на Израел, има огромна болница длабоко под земја. Внатре во бетонските ѕидови на болницата се наредени стотици кревети.

Loading...

По ќошињата има наредени операциони сали, породилно, медицински материјали, но се уште нема пациенти.

Медицинскиот центар Рамбам ја изгради оваа болница по војната меѓу Израел и Хезболах во 2006 година.

Болницата е во состојба на готовност по нападот на Хамас на 7 октомври минатата година и израелската воена кампања во Газа што следеше. Установата располага со повеќе од 2000 легла.

Во случај на голем напад врз Израел, тој ќе ги прими постоечките пациенти од копнениот медицински центар и другите блиски болници. А има и место за лекување на повредените.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израелската армија призна: Многу е веројатно дека сме убиле заложници по грешка

Додека се наѕира сеопфатна регионална војна по убиството на политичкиот водач на Хамас Исмаел Ханије и високиот командант на Хезболах Фуад Шукр минатата недела, лекарите овде велат дека се подготвени за голем напад на Хаифа.

Градот е ранлив поради неговата близина до границата со Либан

„Кога ќе се случи? Никој не знае. Ние зборуваме за тоа многу”, вели др. Ави Вајсман, медицинскиот директор на центарот.

Loading...

Тој признава дека луѓето се загрижени и тој и неговиот персонал само се надеваат дека каква било ескалација на насилството нема да трае долго.

Недалеку од болницата има прекрасен поглед на градот и пристаништето. На отворено море, бродови и танкери се лизгаат по водата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Галант: Времето за договор со Хезболах истекува

Сепак, близината на Хаифа до Либан и ракетите на Хезболах го прават градот ранлив.

Луѓето кои живеат овде се навикнати на вежбање на секои неколку месеци. Училишните деца редовно практикуваат што да прават во случај на напад.

„Тоа е како темпирана бомба. Алармот може да се вклучи во секој момент. Дали ќе умрам? Дали ќе имам време да одам кај моето семејство?” се запрашала една девојка во интервју за Би-Би-Си.

Градоначалникот: Тажен сум

Другите се помалку загрижени.

Луаи истури капучино во неговото новоотворено кафуле и рече дека се навикнува на ситуацијата.

Loading...

„Луѓето се плашат. Јас не сум“, рече тој.

Но, во Градското собрание на Хаифа, градоначалникот признава дека не спие ноќе.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израелската армија призна: Многу е веројатно дека сме убиле заложници по грешка

80-годишниот Јоно Јахав исто така го водеше градот за време на војната пред 18 години.

„Многу сум тажен поради тоа. Лидерите се грижат само за уништување, убивање и борба наместо да градат“, предупреди тој.

Хаифа е таканаречен мешан град, место каде што живеат значителен број израелски Арапи заедно со израелските Евреи.

Јахав вели дека двете страни во градот се мирни, што го прави сегашниот конфликт уште поболен.

Сепак, тој инсистира дека мирот сè уште е можен.

 

Loading...