Израел уби четворица лидери на Хамас од јули 1996 година, вклучувајќи го и шеикот Ахмед Јасин, со кого политичкиот лидер Исмаил Ханије, кој беше убиен во Техеран, тесно соработуваше откако се приклучи на палестинската група.
Во март и април 2004 година, во Газа беа убиени духовниот водач и основач на Хамас, шеикот Ахмед Јасин и наследникот на Јасин и ко-основач на Хамас, Абдел Азиз ал-Рантиси.
Високиот функционер на Хамас Салех ал-Арури беше убиен во напад на израелско беспилотно летало во Бејрут во јануари оваа година.
Хамас тврди дека Ханије бил убиен во израелски воздушен напад во Техеран, додека Израел не коментирал, што често е случај кога станува збор за атентатите извршени од израелската разузнавачка агенција Мосад, според АП.
Иранската револуционерна гарда утринава соопшти дека Ханије и неговиот телохранител биле убиени во Техеран, каде лидерот на Хамас присуствувал на инаугурацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.
Хамас го нарече убиството во наводниот воздушен напад „сериозна ескалација“ и се закани со „војна за ослободување на Ерусалим“.